22-годишниот прилепчанец кој почина од ковид-19 имал дијабет и не бил вакциниран

202

Дваесет и двегодишниот прилепчанец кој според последниот ковид биланс почина од ковид-19, имал дијабетес, примал инсулин и не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство, oбјави „СДК.мк.“

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерана бронхопневмонија, а за време на болничниот престој има тахикардија“, велат од Министерството за здравство за СДК.мк.

И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за жал, пациентот починал.  Тој е меѓу вкупно 17-те починати за 24 часа, од кои кај 24 се регистрирани коморбидитети, а шест се целосно вакцинирани. Регистрирани се и уште 1.861 новозаразени од 5.446 тестови, од кои  242 се реинфекции, од кои една е втора реинфекција.