Ако машката македонска ракометна репрезентација заврши на првото место во квалификациската група за пласман на ЕП 2020 ќе добие премија од 40.000 евра. Ова беше потврдено на состанокот на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Доколку завршат како второпласирани, репрезентативците ќе поделат премија од 30.000 евра.

Управниот одбор сака дополнително да ги мотивира ракометарите во пресрет на двата најважни натпревари од квалификациите за ЕП, со Турција на 12 јуни и со Грција на 16 јуни.