Заев: Кој сум јас и кој е Мицкоски да кажуваме дали ни се допаѓа обвинителот?

67

Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога има Совет на јавни обвинители и таму се прави изборот, рече Заев коментирајќи го барањето на опозицијата, републичкиот обвинител да се избира по нејзин предлог.

Заев вели дека преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО не се пазар за криминал.

Во пресрет на разговорите кои ќе ги имаат работните групи, тој вели дека единствено што му е познато од ставовите на Христијан Мицкоски е тоа дека не му се допаѓа Катица Јанева и нејзиниот тим.

 – А дали не му се допаѓаат истражителите, администрацијата и останатите од СЈО, навистина не знам, како што и не знам дали не му се допаѓаат и други делови од предлог законот, а тој е прекрасен закон, оценет со највисоки оценки и одобрувања од Венециската комисија и од други меѓународни фактори, рече Заев.