2021 – година на роботи батлери, телефони што се претвораат во таблети, ама и на летечки автомобили

57

Меѓународната изложба на електроника во домаќинството оваа година се одвива дигитално поради пандемијата на вирусот корона, ама во 2021 година би можело да дојде до електронски бум и пуштање во продажба на разни иновации, како што се летачки автомобили, роботи батлери.

Многу компании, вклучително со Самсунг, ЛГ, Рејзер и други, ќе ги претстават своите производи за оваа година, овозможувајќи им на купувачите увид во иднината, доколку им се укаже можност да излезат од лабораторија за тестирање, пишува Индепендент.

Самсунг објави дека работи на робот-батлер, кој може да собира алишта, да ја поставува масата и са сипува вино, а ќе може и да препознава предмети надвор од домот, користејќи вештачка интелигенција.

ЛГ ќе претстави смартфон, кој може да го трансформира телефонот во таблет, а команијата Џенерал мотор соопшти дека би можела да претстави летечки автомобил.

Извор:www.msn.com