2020 е престапна: Што е она што не го знаевте за 29 февруари!

366

Една сончева година (т.е. времето што е потребно на нашата планета да направи целосна вртење околу сонцето) трае приближно 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Оние дополнителни 5 часа време за кои никој не сака да зборува, се причина зошто имаме престапни години.

Периодот од 366 дена, што се појавува на секои 4 години, на пример ги охрабрува жените да ги запросат мажите и ги прави роденденските прослави на овој ден (29 февруари) многу збунувачки за некои луѓе.

Овие не се единствените чудни работи за овој датум. Има и неколку други причини зошто 29-ти февруари е многу поинтересен отколку што мислевте.

1. Зошто имаме престапна година и што е „престапна секунда“?

Целта на престапните години е прилагодувањето на Грегоријанскиот календар на сончевиот календар и да се обезбеди навремено славење на сончеви настани како што се пролетна или есенска рамноденица секоја година. Сепак, дури и дополнителниот ден во февруари, на секои четири години, не може да обезбеди целосно усогласување, поради што научниците понекогаш се повикуваат на „престапна секунда“.

2. Како да знаете која година е престапна?

Многу едноставно: ако последните две цифри од годината се делат по четири (на пример: 2016, 2020, 2024 …), тогаш е. Годините што го одбележуваат крајот на векот се одвоени од ова правило. Тие мора да бидат поделени за 400 со цел да бидат престапни години. Значи 2000 и 2400 се престапни години, но 2100 нема да биде.

3. Зошто жените ги запросуваат мажите само на 29-ти февруари?

Откако папата Григориј XIII. го додаде 29-ти февруари во календарот на секои четири години, таа идеја се чинела толку смешна, па била направена комична претстава во британскиот театар, во која се вели дека жените треба да ги заменат пантолоните за тој ден и да се однесуваат како мажи. Претставата беше обележана како сатира, но феминистките од тоа време беа инспирирани па така до 1700-тите, жените го користеле 29 февруари за да предложат брак на мажи.

4. Раѓање, но и нешто друго

Има околу 4 милиони луѓе родени на овој ден во светот. Веројатноста да се роди бебе на 29 февруари е 1:1.500.

Луѓето родени на 29 февруари имаат многу проблеми со одбележувањето на нивниот роденден, но се случува и некој да умре на тој ден. Според енциклопедијата за светско наследство, во 1800-тите години, Џејмс Милн Вилсон, кој по потекло бил британец, а за време на неговиот живот станал осми премиер на Тасманија, „се родил на престапен ден и умрел истиот ден“. Вилсон почина на 29 февруари 1880 година на неговиот „17.“ роденден, или кога имал 68 години во редовни години. Кои се шансите ова да се случи?

5. Попусти на 29 февруари

Во многу земји, трговците даваат големи попусти на овој конкретен ден. Затоа, обрнете внимание, ова може да се случи и кај нас и ќе можете да го купите она што го посакувавте по многу добра цена.