Годината низ слики по избор на Си-ен-ен:

Нека биде светло, јануари: Годината обично ја започнуваме со оптимизам и добри желби, а ја завршуваме онака како што ќе излезе. Ова е новогодишниот огномет во Рио де Жанеиро. Leo Correa/AP

Апе ли рипчето?, јануари: Нуркачот Оушн Ремзи плива покрај голема бела ајкула во водите близу Оаху на Хаваи. JuanSharks/Juan Oliphant/Oneoceandiving.com/AFP/Getty Images

Тие се луѓето, јануари: Спасувачи одмораат по акцијата по уривањето на брана во Бразил. Washington Alves/Reuters

Трамп во кутија, февруари: Ова е Трамп во кутија, маска на Трамп во кутија, само маска. Wang He/Getty Images

Леле, што направивме, февруари: Леди Гага и тимот, по добивањето оскар за најдобра оригинална песна. Eric McCandless/Getty Images

Пластика, а? март: Рак заробен во пластична чаша во морето кај Филипини. Noel Guevara/Greenpeace

Војна на плажите, април: Вил Хајд, во костим на Чубака, се подготвува да сурфа на плажа во Англија. Ian Forsyth/Getty Images

А ако не’ голтне? април: Ова е прва фотографија на црна дупка, некаде во соѕвездието Девица. Далеку е. National Science Foundation/Getty Images

Не убивајте го гласникот, април: Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, уапсен откако беше предаден од еквадорските власти и амбасадата на Еквадор во Лондон. Jack Taylor/Getty Images

Работата ми е дом, април: Вработен на Хуавеи се одмора во неговата „коцка“ за време на пауза за ручек. Ова е вообичаено во Кина. Kevin Frayer/Getty Images

Ѕвонарот не заѕвони, април: Голем пожар во катедралната црква Норт Дам во Париз. Francois Guillot/AFP/Getty Images

Ај да се гушкаме, април: Мачката Паша си игра со четири верверички сирачиња во парк во Крим што си ги одгледа како свои мачиња. Alexey Pavlishak/Reuters

Идните генералки, мај: Овие кадетки се меѓу 34-те Афроамериканки кои дипломираа на воената академија Вест Поинт. Hallie H. Pound/US Army/AP

Јас плачам, вие немојте, мај: Британската премиерка Тереза Меј објавата за својата оставка ја зачини со две три солзи. Toby Melville/Reuters

Жените ги тепаат ако се сакаат, мај: Меланија Гејмонат и нејзината партнерка Крис, претепани во јавен транспорт само затоа што се лезбијки. Melania Geymonat

Паднало – станало, важен е протоколот, јуни: Еден од британските кралски гардисти се онесветува за време на проба. Will Oliver/EPA-EFE/Shutterstock

Мирис на летото, јуни: Верверица ужива во мирисот на цвеќето во Виена. Dick van Duijn

Се топи снегот на Гренланд, јуни: Санка влечена од кучиња се движи по стопен лед на Гренланд. Steffen M. Olsen/Danmarks Meteorologiske Institut/AP

Тага, јули: Телата на татко и едногодишната ќерка кои загинаа во обид да ја преминат Рио Гранде и да стасаат до подобар живот. Julia Le Duc/AP

Драч, во убавите денови пред земјотресот, јули: Поглед од авион на плажа во Драч. Gent Shkullaku/AFP/Getty Images

Големите риби ги јадат малите, јули: Морски лав завршува во устата на грбав кит, ама ќе се спаси – китовите не јадат морски лавови. Chase Dekker/AFP/Getty Images

Тоа ти е, брат, август: Млад ракун ѕирка од решетка откако заглавил барајќи храна. Newton Fire Department/AFP/Getty Images

Шарм вреден милион долари… канадски, август: Првата дама Меланија Трамп го гледа канадскиот премиер Џастин Трудо. Carlos Barria/Reuters

Пукај бе, братучед! август: Полицаец крева оружје на демонстрант во Хонг Конг. Lam Yik Fei/The New York Times/Redux

Таму каде што му е местото, септември: Британскиот премиер Борис Џонсон на час по историја во едно лондонско основно училиште. Toby Melville/Pool/Reuters

Поглед вреден 1000 зборови, септември: Шведската климатска активистка Грета Тунберг го гледа американскиот претседател Доналд Трамп. Andrew Hofstetter/Reuters

Тоа што нема да го видите во живо, септември: Лансирањето на ракета на руски Сојуз видена од Меѓународната вселенска станица. Christina Koch/NASA/AP

Страв и трепет, октомври: Војници на парада во Пекинг по повод 70 годишнина од Народна Република Кина. Kevin Frayer/Getty Images

Снег што го нема, октомври: Виктор, белоопашест орел опремен со камера лета над глечерите и планините во Шамони, Франција. Eagle Wings Foundation/Chopard/Reuters

Баш ми е гајле! октомври: Актерката Џен Фонда уапсена по кој знае кој пат за време на климатските протести во Вашингтон. John Lamparski/Getty Images

Венеција на вода и под вода, ноември: Жена поминува по поплавениот плоштад Св. Марко. Ова беше најголема поплава во Венеција во последните 50 години. Marco Bertorello/AFP/Getty Images