200 фанови на Лацио ќе завршат во Аушвиц

57

Фудбалската федерација на Италија, донесе одлука дека пред секој натпревар од 10. коло во Серија А, ќе бидат прочитани извадоци од Дневникот на Ана Франк, се со цел, да се осуди антисемитистичкото однесување на навивачите на Лацио и да се зачува споменот за холокаустот.

Фановите на римскиот калчолигаш веќе неколку дена се во центарот на фудбалското внимание затоа што искористија налепници со ликот на Ана Франк и истите ги залепија на дресот на големиот градски ривал Рома.

Градските ривали го делат Олимпискиот стадион во Рим, а најрадикалните фанови на “светлосините” се познати по своите екстремнодесничарски ставови.

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони изјави дека не треба да се потцени опасноста која ја предизвикуваат фановите на Лацио и додаде дека налепниците со ликот на Ана Франк се неприфатливи.

Фудбалскиот клуб Лацио, на иницијатива која ја покрена клупскиот претседател, Клаудио Лотито, секоја година ќе испраќа 200 фанови во логорот Аушвиц, се со цел, истите тие лица да го добијат потребното образование.

  • Тука сме за да се дистанцираме од било каков вид на ксенофобија и антисеметизам. Поголемиот дел од навивачите на Лацио го делат нашето мислење. Ќе има многу вакви акции, се со цел да се сузбијат ваквите инциденти. Не сакам да ги користите ваквите ситуации за да го понижите нашиот клуб и се добро што сме направиле во изминатиот период, изјави Лотито.