Д-р Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат кој ке се пријави на конкурост на СДСМ за претседател на Македонија

72

Д-р Ѓорѓи Филипов поранешн амбасадор во Германија,  е првиот кој во јавноста објавува дека ќе поднесе апликација за избор на кандидат за претседател на Македонија на конкурсот на СДСМ.

„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ“ се вели во синоќешното соопштение што го испрати дипломатот.

Филипов денеска ќе одржи прес-конференција за да ги претстави своите замисли пред јавноста.