70

Изминатата 2018 година беше исполнета со многу предизвици. Докажавме дека можеме да бидеме лидер во регионот преку активни разговори со нашите соседи за реализација на заеднички проекти и развој на сите земји на Балканот напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот профил на „Фејсбук“.

„За прв пат Бугарија го презеде претседателството со Советот на Европската унија. Докажавме дека можеме да бидеме активни учесници во дебатите за развојот на ЕУ, миграцијата и пристапувањето на Западен Балкан во Унијата“, наведува Борисов.

Тој додава дека Бугарија покажала оти е подготвена да ги брани националните интереси за важни прашања, како што се правата на бугарските државјани во Велика Британија по брегзит.

Тој посочува дека во текот на годината многу работеле и на внатрешен план, обезбедувајќи висок државен буџет во согласност со растот на бугарскиот БДП, раст на пензиите, платите, како и дека посочиле посебно внимание на образованието и загрозените граѓани во општеството.