18-годишна мајка на бебе е вчерашната најмлада жртва на ковид-19

241

Девојка на 18-годишна возраст се породила во март е најмладата жртва од Ковид 19 наведена во вчерашниот билтен, потврдија за Телма од Министерството за здравство.

Жената починала на Инфективна клиника во Скопје.

Во вчерашното соопштение, Министерството за здравство објави дека има 41 починат од Ковид, а трите најмлади жртви беа од Скопје, меѓу кои и младата мајка. 36 починале во болнички услови, а 5 пациенти во домашни услови.