17 години без легендарната Петранка Костадинова

868

Овој февруари се навршуваат 17 години од како за секогаш физички не напушти големата македонска фолк пејачка Петранка Костадинова. Нејзиниот живот на 53-годишната возраст завршил трагично кога во центарот на Скопје беше усмртена од возилото кое се движело со голема брзина и кое директно удрило во Петранка.

Се враќала од Македонска телевизија каде снимила песна за “Гоце фест“, но таа песна за жал никогаш повеќе во живо нема да ја испее. Смртта ја однесе во музичките легенди….Ќе ја памтиме како весела, по градба крупна жена, со препознатлива црвенкаста убава коса, секогаш средена, но најмногу по хитовите:

Мајсторе, мајсторе, По друм одам мајче, Во Струмица на улица, Трај душо трај, Кирјана….Вечна ти слава Петранке наша. (vecer.press)