Јанко Бачев приведен во полиција поради закана упатена на фејсбук

56

Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија, попладнево бил приведен и однесен на информативен разговор во полиција.

-Во моментот претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена македонија пред оддржување на редовниот состанок на „Македонија блокира“. Не знаеме во која полициска станица е одведен, пишува на официјалната фејсбук станица на партијата.

Бачев  како што неофицијално дознаваме бил  повикан на информативен разговор поради закана објавена на фејсбук.

Досега полицијата поднесе неколку криви>ни пријави против лица кои упатувале закани преку фејсбук на пратеници, политичари и други видни личности.