14 полицајци од полициска станица Петровец во домашна изолација

900

Вкупно 14 полицајци од станицата во Петровец се во домашна изолација откако е утврдено дека дел од нив имале контакт со лица позитивни на ковид-19, дознава Алсат.

Според информациите, пренесува телевизијата, 7-мина од полицајците се со висок ризик бидејќи биле во директен контакт со лица со позитивен наод. Другите седум се со среден ризик.