127 сообраќајни прекршоци, 49 за непрописно паркирање

28

На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од изречените мерки, 11 се за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.