Службите на Општина Карпош поставија „репелент“ околу училиштата и градинките

197

Службите на Општина Карпош спроведуваат акција за поставување „репелент“, средство за превенција, односно заштита од змии.

Ова наменско средство е поставено околу основните училишта и детските градинки на територијата на Општината.

– Станува збор за природен производ, кој е безопасен за луѓето, животните и за околината, кој придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во Скопската Котлина, како и на распространетата вегетација – велат од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека средството е ефикасно и содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, дека дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.