Поплочување на три краци од улицата „Шеснаесетта“ во Битола

5

Жителите од трите краци на улицата „Шеснаесетта“ во Битола со чисти чевли ќе стигнуваат до своите домови, особено сега, кога е дождлива есента, а зимата е на прагот.

По асфалтирањето на првиот дел од улицата „Шеснаесетта “, чија вредност изнесуваше околу 1,5 милиони денари, сега битолското претпријатие „Нискоградба“ пристапи кон поплочување на трите краци со бехатон плочки.

Вредноста на зафатот е близу 1,8 милиони денари.

Жителите од оваа населба изразија благодарност за ангажманот и за комплетирањето на инфраструктурата.

 

ИЗДВОЕНИ