Помалку туристи годинава летуваат во Хрватска

13

Хрватските угостители се загрижени дека посетеноста оваа година на Јадранот нема да биде како минатата, а во хрватските хотели туристите без проблеми можат да најдат сместување.

Во јуни Хрватска ја посетиле четири отсто туристи повеќе од минатата година, додека бројот на ноќевања останал ист. Во првите шест месеци бројот на ноќевања се зголемил за солидни 12 отсто,сепак, како ќе заврши оваа сезона ќе покажат јули и август во кои се реализираат најголемиот дел од ноќевањата.

Минатата сезона ја одбележа хиперпобарувачка за Хрватска, меѓутоа оваа година повеќе ја нема, па во хрватските хотели без проблем можат да се најдат слободни кревети во овој и следниот месец.