Санкционирани 225 непрописно паркирани возила во Центар

55

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 13.11. до 19.11.2023 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 95 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.