Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, призна дека е можно да се повлече од планираниот реванш со Александар Усик.

Украинецот го победи Еј Џеј на крајот на септември, земајќи ги неговите три светски титули. Победата значеше дека Британецот ќе добие реванш во првата третина од 2022 година, но се уште нема датум или локација.

Последниве недели се почесто се споменуваше дека Џошуа може да му го даде редот на Тајсон Фјури доколку тој и Усик успеат да се договорат за меч меѓу нив.

-Сакам да донесам правилни одлуки во кариерата и животот, и, ако парите се добри, ќе седнеме со мојот тим и ќе разговараме за тоа, објасни Џошуа.