Британскиот боксер Ентони Џошуа, изјави дека му е потребен мечот против неговиот сонародник Тајсон Фјури и дека оваа борба би била голем предизвик за него.

-Дали ми е потребна борбата со Фјури? Потребна ми е, потребна му е и на боксот и на сите останати. Ајде да видиме колку сум добар, изјави Џошуа во подкаст за Би – Би – Си.

Годинава беше близу да се реализира борбата меѓ овие двајца боксери, но тоа не се случи бидејќи американскиот суд одлучи дека Фјури мора прво да боксува со Американецот Дионтеј Вајлдер за ВБЦ појасот. Оваа борба ќе се одржи на 9. октомври.

Првиот меч меѓу Фјури Вајлдер заврши нерешено, а во февруари минатата година до ВБЦ појасот стигна Британецот. Во меѓувреме Џошуа ќе ги брани шампионските појаси во ВБА, ВБО и ИБФ верзиите против Украинецот Олександар Усик на 25. септември на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.

Џошуа додаде дека само мечевите против добрите борци, можат да го извлечат најдоброто од боксот.

-Во боксот е тешко да се стане подобар. Борбата со Фјури е голем предизвик зџа мене, изјави „Еј Џеј“

Единствен пораз во кариерата на 31- годишниот боксер е од Мексиканецот Енди Руиз, во јуни 2019 година.