Светскиот шампион во бокс, во супертешка категорија, во верзиите ВБО, ВБА, ИБФи ИБО, Британецот Ентони Џошуа, истакан дека посакува да ја има и петтата титула во својата колекција, онаа во ВБЦ верзијата , која моментно му припаѓа на неговиот сонародник Тајсон Фјури. Доколку успее да ја добие и оваа титула ќе стане првиот човек по Ленокс Луид, кој во 1999 година беше апсолутен шампион во тешка категорија.

Џошуа цели на борба со Тајсон Фјури, а покрај „Кралот на Циганите, објави уште петмина боксери со кои сака да ги вкрсти ракавиците во рингот. Тоа се Олександар Усик, Деонтеј Вајлдер, Луис Ортиз, Џерал Милер и Адам Ковнацки.

По овие борби  тој е подготвен да се повлече, но нема дилеми дека добар дел од борбите се опасни за него, бидејќи на неговата листа се спектакуларни боксери.

Нормално, сите посакуваат да го видат во рингот со Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, а најтешка борба би можела да му биде против Олександар Усик.

Џошуа во кариерата има скор од 23:1, а единстен што успеа да го победи беше Американецот со мексиканско потекло Енди Руиз.