EPA-EFE/DAVID MAXWELL

Легендарниот НБА кошаркар, Мајкл Џордан, наскоро би можел да ги продаде Шарлот Хорнетс, пишува познатиот американски новинар Бил Симонс.

  • Постои опција Шарлот да стане достапен за продажба. Цената ќе биде приближно иста како и онаа која е платена за Минесота. Но, кој знае, се е во рацете на Џордан, напиша Симонс.

Џордан стана сопственик на Хорнетс во 2010 година кога плати 275 милиони долари за клубот. Во 2021 година, Шарлот беше проценет на 1,5 милијарди долари.