Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Мајкл Јордан, продаде поголем дел од акциите на Шарлот, но сепак ќе остане мнозински сопственик на овој НБА клуб, пренесува „Шарлот опсервер“.

Новите косопственици се бизнисмените Гејб Плоткин и Даниел Сандхајм, но не е откриено за колкав удел се работи.

  • Нивното влегување во клубот е непроценливо. Тие ќе ни помогнат да ги модернизираме и спроведеме новите технологии. И двајцата поставија стандарди во индустријата, докажани лидери, веруваат во филантропијата и имаат страст кон кошарката, изтакна Џордан.

Тој истакна дека останува мнозински сопственик и ќе продолжи да ги носи сите одлуки во врска со тимот и организацијата.

Сепка, не се наведува колку акции продал Џордан во „хорнетс“. Тој ги купи во 2010 година за 275 милиони долари и во моментов поред „Форбс“ се проценети на 1.3 милијарди долари, што е трета најниска вредност на клубовите во НБА лигата. Најмногу вредат оние на Њујорк, дури четири милијарди долари.