Џон Бон Џови отвора уште еден ресторан за сиромашни

100

Популарниот пејач Џон Бон Џови ја продолжува хуманата мисија и го отвора третиот ресторан во кој бесплатно ќе можат да се хранат сиромашни.

„Кујна со душа“ (Soul kitchen) е името на невладината организација со која управува Фондацијата ЏБЏ, која ја води музичарот, како и на рестораните што тој ги отворил.

Во рестораните нема ценовници, а плаќањето на сметката не е обврска. Оние што се во можност може да остават 20 долари, додека оние што немаат пари може да јадат бесплатно, а подоцна да волонтираат во кујната.

Инаку, 51 отсто од оброците досега се платени преку донации, а преостанатите 49 се покриени со доброволна работа. Резервација не постои, кој како што ќе дојде, може да седне по ред, па така може да седнете до странец, што придонесува и за пријатна атмосфера и за стекнување пријателства.

На менито секогаш има три главни јадења, а тоа се менува на секои 10 дена. Мотото на рестораните е: „Сите се добредојдени“.

Првиот ресторан е отворен во 2011 година, во Њу Џерси, родното место на пејачот, а вториот во 2016 година.

„Нашата мисија отсекогаш беше да влијаеме на позитивните промени и да го решиме паршањето на глад и бездомништво“, вели Џон Бон Џови.