Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, истакна дека само Џон Џонс може да донесе одлука да ја напушти организацијата.

  • Џон Џонс е еден од најголемите борци на сите времиња. Одлуката за тоа дали ќе ја продолжи својата кариера е само негова. Реалноста е дека тој заработи доволно пари од борбите и дека сега има можност да се пензионира и да ужива до крај на животот, рече Вајт.