Џонсон преместен на одделот за интензивна нега, во моментот е во свесна состојба

278

Британскиот премиер Борис Џонсон, за кој веќе е познато дека е заразен од вирусот корона (пред еден час по средно европско време) еоднесен на одделот за интензивна нега пренесува Индепендент.

На Џонсон минатиот месец му беше потврдена заразата од вирусто корона, а во неделата навечер беше пренесен во болница бидејчи уште имаше покачена температура па лекарите процениле дека би требало да биде подложен на дополнителни тестирања.

Од саботата вечерта, премиерот беше примен во болницата Св. Тома, во Лондон, откако симптомите од вирусот корона не се намалуваа.

Попладнево, состојбата на премиерот се влоши и, по совет на медицинскиот тим, тој беше пренесен на одделот за интензивна нега, објави портпаролот.

Премиерот побарал од секретарот за надворешни работи Доминик Раб, кој е прв државен секретар, да го замени таму каде што е потребно.

Премиерот добива одлична нега, и благодарение на болничкиот персонал за нивната напорна работа и посветеност, потврди портпаролот на владата.

Засега последната вест е дека премиерот е пренесен на интензивна нега и е во свесна состојба.

Извор:Independent.com