Џонсон повика на единство на нацијата

37

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика нацијата на единство за надминување на поделбите за Брегзит, кои ја поделија земјата.

Ќе се обединиме… ќе се собереме сите од неверојатната Велика Британија – Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска заедно ќе одиме напред, ослободувајќи го потенцијалот од целата земја, истакна Џонсон.

Тој додаде дека сака да разговара и со тие кои не гласале за конзервативците и со тие кои сакале или можеби се уште сакаат да останат во Европска Унија.

– Сакам да знаете дека ние во оваа конзервативна влада никогаш нема да ги занемариме вашето добро и позитивните чувства на топлина и сочувство со европските народи, посочи Џонсон.

Тој истакна и дека сака ново партнерство со ЕУ.

Џонсон наведе дека ќе формира нова влада и оти в понеделник ќе биде конституиран и новиот парламент.