Џонсон: Нема докази дека сум ги довел пратениците во заблуда

39

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска во парламентарна истрага изјави дека нема докази дека намерно ги довел пратениците во заблуда со информации за нелегални забави што се случувале во неговата канцеларија за време на карантинот поради пандемијата на Ковид-19.

Комитетот за парламентарни привилегии ги истражува изјавите што Џонсон ги дал во парламентот во декември 2021 година, конкретно дали намерно ги довел пратениците во заблуда за незаконски собири одржани во канцелариите и резиденциите на Даунинг стрит, од кои на некои присуствувал и самиот, кога рекол дека не се прекршени никакви правила и дека сите забележани се пропишаните мерки против вирусот Ковид-19, наведува Ројтерс.

Во документот за докази од 52 страници што го достави до комисијата, Џонсон рече дека прифаќа дека Долниот дом бил заведен со неговите изјави, но ги отфрли обвинувањата дека намерно го лажел парламентот.

„Од таа истрага е јасно дека нема апсолутно никаков доказ кој го поткрепува тврдењето дека намерно или непромислено сум го довел во заблуда Домот. „Нема документ што укажува дека сум добил некакво предупредување или совет дека било кое правило или мерка било или можеби било прекршено на некој од тие настани“, рече Џонон.

Во центарот на истрагата се изјавите што Џонсон ги даде во парламентот во декември 2021 година за забавите во Даунинг стрит кога законите за Ковид-19 ги ​​држеа луѓето дома и забрануваа собири во затворени простории.

Во извештајот објавен претходно овој месец, пратениците во Комитетот рекоа дека Џонсон можеби го довел во заблуда парламентот во четири наврати и рече дека прекршувањето требало да биде „очигледно“ за поранешниот премиер.