Џонсон и Џонсон неделава двојно ќе ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 за ЕУ

51

Американската компанија Џонсон и Џонсон неделава двојно ќе ја намали испораката на вакцини против Ковид-19 за Европската Унија.

Според договорот, Џонсон и Џонсон во вториот квартал од годината треба да испорача 55 милиони дози на вакцина. Но, досега има доставено помалку од пет милиони дози вакцини, што е за 10 проценти помалку од планираното.

Европска комисија соопшти дека станува збор за привремено одложување што ќе се надополни во подоцнежна фаза, најверојатно до крајот на мај.