Британскиот премиер Борис Џонсон, по објавувањето на најновиот извештај на Обединети нации за последиците од затоплувањето на Земјата, изјави дека истиот треба да послужи како „повик за будење“ за светските лидери, додека се подготвуваат да престојниот самит.
Тој истакна дека од извештајот произлегува дека „следната деценија ќе биде клучна за обезбедување на иднината на нашата планета“.
– Знаеме што треба да се направи за да се ограничи глобалното затоплување, да се испрати јагленот во историјата и да се обезбедат чисти извори на енергија, да се заштити природата и да се обезбедат климатски финансии за земјите од првата линија, истакна Џонсон.
Светските лидери ќе се состанат на конференцијата ЦОП26 за климатски промени во Глазгов во ноември. Клучна цел на конференцијата е да ги натера владите да се посветат на построги намалувања на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.