Џони Деп е мајстор на шармот: Холивуд ништо не му може/ВИДЕО

138

Во кошула и црни кожени панталони во каубојски стил, Џони Деп се појави на филмскиот фестивал Alice Nella Cittá во Рим.

И покрај годините и проблемите што го придружуваат, откако неговата поранешна сопруга Амбер Херд поднесе барање за развод и го обвини за вербална и физичка злоупотреба, Џони Деп докажа дека сè уште е светски познат шармер.

Тој се појави на неодамнешниот филмски фестивал во Рим и учествуваше во разговор на тема неговата професија.

Ова е најновиот професионален потег на контроверзната sвезда, која неодамна тврдеше дека неговата кариера е оштетена од ширењето на „културата на откажување“.

Деп претходно тврдеше дека е жртва на културата на откажување, предупредувајќи дека „никој не е безбеден“ и ги повика погодените да се спротистават.

Ова појавување доаѓа откако Деп присуствуваше на прикажувањето на неговата нова ТВ серија „Пуфинс“.