Џони Деп:Тврдењата на мојата поранешна сопруга се неразумни

407

Актерот Џони Деп изјави денес дека неговата поранешна сопруга Амбер Херд изнела неразумни тврдења за злоупотреба и лажно го обвинила дека е чудовиште, додека сведочел против клевета во Велика Британија.

Деп го тужи британскиот таблоид Сан поради приказната од април 2018 година во која го нарекуа „маж кој тепа жени“, пренесува АП. Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ одлучи да ги негира тврдењата на својата поранешна сопруга дека ја нападнал во текот на нивниот бурен брак и го тужеше таблидот и главниот уредник Ден Вутон.

„Овие болни тврдења се сосема невистинити, рече Деп во пишана изјава, додавајќи дека таквите наоди ѝ штетат на неговата кариера. Тринеделното судење за клевета почна денес и е едно од првите кои се одржани во живо откако Британија почна да ги укинуа ресрикциите воведени поради вирусот корона.

Деп и Херд се запознаа на снимањето на комедијата „Дневник на румот“ во 2011 година и се венчаа во Лос Анџелес во февруари 2015 година. Се разведоа во 2017 година, а сега се обвинуваат еден со друг за злоупотреба.

Извор:www.upi.com