„Џокер” и „Ирецот” со најмногу номинации за Оскар

131

Американската Академија за филмски уметности и наука (АМПАС) денеска ги објави годинешните номинации за Оскар, кога за првпат во историјата еден македонски филм доби две номинации.

Документарниот филм „Медена земја” на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе се бори за Оскар во категориите за најдобар документарец и за најдобар странски филм.