Екипата на Џирона по многу неизвесност успеа да се пласира во АЦБ лигата на Шпанија, а во новата сезона ќе има голема помош од шпанскиот кошаркар Марк Гасол, кој воедно е и основач на тимот во 2014 година.

Марк Гасол и следната сезона ќе продолжи да настапува за својот клуб, овој пат во АЦБ лигата, што предизвика голема еуфорија во шпанската кошарка.

Џирона успеа за осум години да стигне до Ендеса лигата од четвртиот ранг на натпреварување, благодарение на Марк Гасол, кој сега помага и на теренот.