Во скопската населба Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа, во која биле повредени две ракометарки на ЖРК Вардар. Станува збор за С.Ѓ и К.Д, кои живееле во скопската населба и чекале автобус на локалната постојка.

Џипот загубил контрола кога пред него му „пресекол“ пат друг автомобил, па морал да заврти кон автобуската станица на која биле двете ракометарки.

Според првите информации, девојките веднаш биле примени во болница, но се во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат пуштени на домашно лекување.