Огромна риба – ража, на која под окото и се заглавила јадица за ловење риби била спасена од нуркачи, откако на нејзин начин „му се обратила на едниот од нив за помош“.

Цејк Вилтон, подводен фотограф кој води туристи низ австралискиот залив Нингала, забележал дека ражата Фреклес е вознемирена. На неверојатното видео се гледа како 30-годишната ража му приоѓа на Вилтон и неговите колеги, ширејќи ги перките пред него за да му покаже што ја мачи.

„Ми се приближуваше се поблиску и поблиску и тогаш почна да ги шири перките за да ми го покаже окото“, рекол Вилтон.

По неколку обиди Вилтон успеал да и ја извади јадицата која била закачена под нејзиното око.