Џеј во 90-тите освојуваше со своите балади, интерпретации за кој и денеска вели дека се едни од „најискрените“ пеења на естрадата.

Пејачот е многу искрен и многу отворен во своите интервјуа кога зборува за својата поранешна сопруга Нада и не се срами да каже дека сè уште пати по неа. Нада и Џеј се венчале пред неколку децении. Со неа ги добил ќерките Марија и Ана, тој покрај Нада стана музичка ѕвезда. Успесите на естрадата ги доби по тешкото детство и растење во домот. Тој својата Нада ја носеше секаде, оставаа впечаток на многу хармоничен пар. Џеј не крие дека Нада го оставила поради алкохолот и жените. Пороците и аферите тогаш биле посилни од неговата љубов.

Џеј со семејството

Се развеле но, нивната приказна тука не завршила. По разводот со Нада во животот имал нова љубов, но кога ќе погледне наназад за својата поранешна сопруга вели:

– Ние двајца имаме добра комуникација. Секогаш ме пазела, а и јас неа. Таа не работеше, јас цел живот работев за неа, уште од малечок. Нада е мојата најдобра жена на светот, таа е мајка на моите деца, таа е народен херој штом со мене толку издржа.

Џеј откри дека неговото срце за неа е трајно резервирано.

– Кога се разведов од Нада, знаев дека таа и јас еден ден ќе бидеме повторно заедно. Во нашиот случај, го следев оној факт: Никогаш не вели никогаш. Се плашам од самотијата, а Нада секогаш беше единствена која секогаш најдобро ме познаваше и разбираше. Треба некој да се грижи за мене.

Гордо кажува дека и Нада него го обожава. Од планот повторно да се ожени со првата сопруга не се откажал.

– Мојата прва жена која ми роди деца, мојата Нада, таа е кралица, можеби повторно ќе се оженам со Нада.

И по Нада пак Нада. И не без причина нивната врска  опстана сè  до денес. Двајцата лесно можеа да стават точка на нивната врска. Можеа, но не можеа, ниту таа, ниту тој.

Некои парови успеваат едноставно да ја остварат својата љубов, некои не. Џеј и Нада им припаѓаат на овие другите, но сепак љубовта меѓу нив сè уште ја има.