Џенифер Лопез сред турнеја го повреди окото 

423

Познатата холивудска пејачка и актерка Џенифер Лопез (49) која во моментот е на својата четврта турнеја “It’s Mi Parti Tour“, која ја организираше како прослава за 50. роденден, ги загрижи своите фанови кога на социјалните мрежи објави слика на која лежи на кревет со облога на повреденото око.

Пејачката сите ги изненади со оваа слика, а многумина се запрашаа дали ќе може да продолжи со турнејата.

Џенифер со сликата напиша – гламурозен живот. Иако точната причина за повредата не е позната, пејачката со оваа објава ги загрижи бројните фанови кои не се навикнати на такви фотографии.

Инаку во рамките на турнејата таа ќе одржи вкупно 36 концерти на четири континенти – Северна Америка, Европа, Азија и Африка.