Џенифер Лопез „си игра со оган“: Промовира алкохол, а во брак е со поранешен зависник

235

Актерката и пејачка Џенифер Лопез официјално претстави алкохолен пијалок под покровителство на брендот што е во нејзина сопственост. Заради добра промоција, Лопез се „маскирала“ во Делола, па објави неколку атрактивни фотографии во бикини.

Лопез тврди дека нејзиниот пијалок ќе го одбележи летото што претстои, но некои од нејзините обожаватели не се ентузијасти за овој деловен потег.

Некои ѝ го ставија тоа до знаење како коментари на социјалните мрежи, вклучувајќи го во приказната и нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

И не случајно – ја потсетија дека едно време не се трезнеше, па затоа побарал помош од стручно лице.

И денес често зборува за штетноста на алкохолот, но неговата сопруга има поинаков план.

„Ние сме толку љубопитни за оваа деловна одлука. Вашиот нов сопруг има историја, и отворено зборува за овие проблеми…“ гласи еден од коментарите, но очигледно е дека Лопез се грижи за други работи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)