Американскиот актер, Бен Афлек, подготвува големо изненадување за својата долгогодишна љубов, Џенифер Лопез. Според извори блиски на холивудската двојка, Бен планира да и предложи брак на Џенифер на нејзиниот 52.роденден на 24 јули.

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја обновија љубовната врска во април годинава, 17 години по славното раскинување на веридбата само четири часа пред закажаната венчавка во 2004 година. Сега тие продожуваат таму каде што застанаа пред многу години и закаат заедничка иднина.

„Бен сака на нивната љубов да и даде уште една шанса и планира романтично да ја запроси Џенифер на нејзинот 52.роденден на 24 јули“ – открива изворот за магазинот „Closer“.

Ова ќе биде втора среќа за Бен. Претходно во 2002 година, по само два месеци врска, тој и предложи брак на Џенифер со прстен со розов дијамант од 6,1 карат. Но, славната двојка тогаш не стигна до олтарот.Како причина за нивната разделба тие го наведоа преголемото внимание од медиумите.

Сега, Бен и Џенифер повторно уживаат во љубовта и во одново пронајдената среќа.