Ја гледаме повеќе од 20 години на телевизија и ни се чини дека славната актерка сигурно го открила еликсирот на младоста – таа е еднакво згодна и на 25 и на 50 години

Позната американска актерка Џенифер Анистон и во 51. година изгледа топ. Таа не само што изгледа многу добро, вели дека се чувствува здраво и витално.  Неодамна на медиумите им откри кој е нејзиниот еликсир на младоста.

Работете на себе

Актерката почнала да работи на себе уште на почетокот на кариерата кога агентот и рекол дека не добила улога зашто била предебела. Бев шокирана, раскажува таа за списанието People. Иако коментарот на почетокот не го сфатила сериозно, подоцна забележала дека нејзината исхрана не е квалитетна. „Милк шејк и помфрит со кајмак. Беше добро да се биде внимателен”, раскажува Анистон.

Таа сега вели дека време е да престанеме да мислиме дека убавината доаѓа од големината S и да се мери со големината на задникот и на струкот. „Тие правила веќе не вредат”, вели таа.

Менувајте ја рутината

Џенифер ужива во различни видови вежби јога па се до тренинзи со славни тренери. Вообичаено три пати ви неделата е на спин-јога, што значи 25 до 30 минути спининг и 30 до 40 минути јога. Другите денови прави вежби дома, или кардио. Обично 15 минути е на велосипед, 15 на лента за трчање и 15 на елептичен тренажер. Мора да се менува рутината за да се збунат мускулите, раскажува актерката.

Изберете здрава храна

Обично денот го почнува со чаша топла вода и лимон. Смета дека е добро да се внесат алкални работи во телото. Потоа пие кафе со обезмастено млеко и со стевиа. За појадок зема протеински прав со банани, цреши, капини, заедно со колаген , малку какао, малку чоколадна стевија и чоколадно бадемово млеко. Јаде едно тврдо варено јајце. Омилен ручек ú е пржена туна со салата од краставица. И малку маслиново масло.

Ако попладне е гладна пред вечера ќе касне стапче од сирење или некоја супа. За вечера сака пржено пилешко со спирални тиквички и со песто, а има и омилен рецепт за шпагети ала карбонара.

Одвреме-навреме променете ги своите навики

Анистон сфаќа дека тоа што и годело во нејзините дваесетти години можеби не е делотворно сега. „Треба да бидеме свесни за тоа што го внесуваме во телото. И како спиеме и како се грижиме за себе. Во дваесеттите можеш да се извлечеш, меѓутоа сега сигурно не, вели таа. Знаењето е клучно. Како стареам сè сум посвесна што е добро за моето тело и за однатре и за однадвор“, одговори за „Гламур“.

„Важно е да се читаат етикетите на храната и да се биде свесен за тоа што се случува во телото. Ако не се грижиме за своето тело, тогаш нашата работа и нашиот секојдневен живот ќе трпат”, вели таа.

Пијте многу вода

„Го кажав тоа и порано, ама навистина мислам дека хидратацијата е исклучително важна. И спијте убаво”, кажа таа кога стана амбасадор на „Смарт вотер  2015“.

Пронајдете своја мотивација

Анистон признава дека со време се заситува од вообичаените вежби, исто како и другите. „Тогаш се одморам од вежбањето и кога треба да се вратам ми е многу тешко. Кога повторно ќе почнам тогаш тргнува и пак го сакам”, објаснува таа. Ѕвездата на серијата „Пријатели” ја истакнува важноста на дисциплината, а не мотивацијата за вежбање. „Едноставно загризи и прави го тоа”, вели таа.   

Воспоставете рамнотежа

Со годините Џенифер стана полиберална кога во прашање е исхраната. „Не сум толку строга како што бев. Секогаш многу внимавав што јадам, па сега се решив на умереност”. Таа се обидува да се засити со свежа храна. Нејзината филозофија е да јаде многу свежа храна, органско овошје и зеленчук, да го држи шеќерот на ниско ниво, да се пие многу вода и добро да се спие. Одвреме-навреме прекршува некое правило, но скробот го одржува на минимум. Не ја сака белата храна, и секогаш го намалува количеството на леб ако се обидува да ослаби.