Кендал Џенер го покажа своето вајано тело во костим за капење и уште еднаш го привлече вниманието на социјалните мрежи. Најскапиот модел во светот за 2019 година сподели неколку „сториња“ на својот Инстаграм-профил, кои брзо ја обиколија мрежата и станаа хит. На една од фотографиите, сексапилната бринета позира во мини костим за капење, со што ги остави мажите во делириум.

Поради неколкуте објави таа го стави во сенка своето момче, НБА ѕвездата Девин Букер, кој и правеше друштво за време на нејзиниот егзотичен одмор.