Џаферовиќ: Американски капитал ќе дојде во Босна и Херцеговина

28

Босна и Херцеговина ќе потпише меморандум за економска соработка со Соединетите Американски Држави во областа на инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата, како и за американските инвестиции во земјата, соопшти Претседателството на БиХ по онлајн-разговор со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и азиски прашања.

Ние сакаме американскиот капитал да дојде во Босна и Херцеговина“, рече Шефик Џаферовиќ, член на претседателството на БиХ.

 Рикер повтори дека САД остануваат силен и посветен партнер на Босна и Херцеговина во спроведувањето на реформите и исполнувањето на условите за напредок кон евроатлантските интеграции.

Тој истакна дека Претседателството на БиХ треба да даде темпо на идните чекори што треба да се преземат на патот кон ЕУ, како и спроведувањето на другите реформи што ќе овозможат подобар живот за граѓаните на БиХ.

Извор:МИА