Џафери: Собранието знае што прави Владата во процесот на дијалог со Бугарија

46
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител информира дека пратениците и тој како спикер знаат што прави Владата во процесот на дијалог и преговори со Бугарија за деблокирање на европскиот пат на Македонија.

-Донесовме Резолуција во Собранието и определивме насоки, препораки и рамки по кои треба да се движи извршната власт во спорот. Според законскиот пропис и надлежностите во меѓународните односи, Владата одлучува, но ние како Собрание стоиме над главата на извршната власт и секако имаме соодветни информации, во кој правец и за што се разговара со Бугарија, рече Џафери.