Џампаоло најпосле се ослободи од Сампдорија

190

Марко Џампаоло и официјално стави крај на соработката со италијанскиот калчолигаш Сампдорија. На тој начин искусниот стручњак ги потврди шпекулациите дека во следните неколку дена и официјално ќе биде именуван за нов предводник на седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан.

Џампаоло треба да потпише 2-годишен договор кој му гарантоира годишна заработувачка од 2 мил. евра.