ЏАМБАЗОВ ЕМОТИВНО на годишнината од смртта на неговиот татко: „Сигурен сум дека си добар таму горе… Чувај ми место до клавирот“!

138

Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш, пишува денеска на својот Инстаграм профил легендарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов, а по повод една една година од смртта на неговиот татко – диригентот и композитор Александар Џамбазов.

И додава:

Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот … завршува во емотивната порака Џамбазов.