Ѝ дојде крај на љубовта на прв поглед, Емилија Розман: Подарувам венчаница, носена само еднаш по грешка

1078

Емилија Розман во јули се вери со Стефан Ангелкоски кој го познаваше само 24 часа. Па како што дојде брзо љубовта во нејзиниот живот така брзо и си замина. По месец дена од љубовната идила тие ја раскинаа веридбата. Емилија започна со шеговити постови бидејќи во медиумите се прошири веста дека таа стапила и во брак иако биле само верени.

Фото: Инстаграм

– Подарувам венчаница, носена само еднаш по грешка, напиша моделот Емилија Розман на нејзиниот инстаграм-профил на стори.

А потоа додаде дека нема формула за среќен брак.

Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални странци спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак. Некои се мажат по шест месеци и сè уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен, посочи Емилија.