Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, зад себе има навистина турбулентно минато и живот во кој помина низ се и сешто. „Челичниот Мајк“ се смета за еден од најдобрите боксери на сите времиња, а да не беше контроверза самиот по себе, веројатно ќе го имаше статусот на најдобар.

Неколку години по завршувањето на кариерата, Тајсон открива интересни приказни кои се навистина неверојатни.

-Еднаш користев психоделичен отров од жаба. Тоа ми го промени животот. Ја користев таа античка медицина и беше незамисливо, интергалактично. Одев по небото, бев како мртов. Го земав, вдишував, издишувам и умирав. Бев навистина мртов. Не постоев, не бев јас. Бев многу исплашен и последен пат кога го зедов сакав моќ. Кога завршив со тоа, сфатив дека сакав да ги избегнам моите стравови. Ми требаше љубов и се вљубив во гулаби, истакна Тајсон.

Инаку, како што е познато, Тајсон е голем љубител на тигрите, па откри една шокантна приказна.

-Една госпоѓа случајно влегла во кафезот на мојот тигар, а бидејќи тој не ја познавал, се случи голема незгода. Таа сакаше да ме тужи, но кога дознаа дека сè се одвивало на мое земјиште, приказната лесно се заврши. Само поради моја добра волја и дадов 250.000 долари бидејќи тигарот добро ја зае*ал. Не можете да поверуваше што можат тигрите да направат со човечкото месо. Тие можат да те убијат за секунда, пресилни се, особено кога за оние кои се груби кон нив. Можат да те удрат и за секунда си мртов, ја долови целата ситуација Тајсон.

Сепак, Американецот на крај сфатил дека е грешка да се чува такво животно дома.

-Многу ги сакав. Спиев со нив, но среќен сум што на време се едуцирав и сфатив дека правам погрешни работи. Не требаше да ги имам дома, заврши боксерот.