Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски треба да формира работна група за презентација на земјава на ITU Telecom World 2019 кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво, како и за презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.

-Владата на Република Северна Македонија на денешната 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Северна Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Дополнително, сметаат од Владата, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.