Претседателот на Бугарската кошаркарска федерација, Ѓорѓи Глушков, ги потвди најавите дека постои идеја за формирање на новото натпреварување во кое ќе настапуваат клубови од Бугарија, Македонија, Србија и од Грција.

Тој најави дека преговорите се започнати со челниците кошаркарски федерации од соседните земји и дека на 15 ќе се преговара за изгледот на лигата и системот на натпреварување. Ова би бил голем удар за АБА и БИБЛ лигата.